Ријера ги обвини судиите за поразот на Ц. Звезда, па доби одговор од тренерот на Лугано

Црвена Звезда загуби во првото коло од Конференциската лига (3-2) на гостувањето против швајцарски Лугано каде игра македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, иако имаше водство до 84. минута.

„Катастрофа. Ќе се обидам да бидам смирен, тимот има потреба од мене, ќе бидам суспендиран од УЕФА, но сакаме истрага зошто испаднавме од Лигата на Европа. Сакам да се натпреварувам, но УЕФА мора да го истражи ова, можеби не нè сакаат во Европа. Можеме да зборуваме за фудбал, но…“, рече Ријера на прес-конференцијата по мечот.

Но, тренерот на Лугано, Матија Кроќи-Торти, не остана должен на својот колега од Шпанија.

Кроќи-Торти презентираше сосема поинаков поглед на играта и рече дека Ријера не треба да ги игнорира случувањата на теренот, особено во второто полувреме.

„Би сакал да ве потсетам дека пред две години Ријера имаше среќа против нас, кога примивме гол во 93. минута во дуелот со Целје. Затоа мислам дека сега треба повнимателно да ја анализира втората половина од овој натпревар“, рече тренерот на Лугано.

Тој особено истакна дека неговиот тим имал можност да поведе уште пред крајот, кога Беренс пропуштил одлична шанса. Според него, Лугано имал јасен план и успеал да го спроведе и покрај тоа што имал подобар противник.

„Не би навлегувал во неговото толкување, бидејќи е сосема различно од моето. Видов тим кој знаеше што да прави до последната минута. Беренс имаше можност да ни донсе водство од 2-1 и требаше да ја искористиме. Верувам дека никој од 7.800 луѓе на стадионот не би се согласил со поинаков поглед на ситуацијата на теренот освен онаа дека ние бевме подобри“, рече Кроци-Торти.

Тренерот на Лугано нагласи дека е свесен за квалитетот на Црвена Звезда, поради што пред мечот ги замолил своите играчи за трпение и дисциплина во играта.

Се вчитува...