Рикардо го искористи инцидентот меѓу Хамилтон и Ферстапен и стигна до победа на Монца!

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо стигна до победа на трката за големата награда на Италија која се возеше на патеката Монца. Австралиецот го искористи инцидентот меѓу Ферстапен и Хамилтон по кој и двајцата возачи мораа да ја завршат трката и стигна до својата прва победа во болидот на Мекларен.

Второто место му припадна на клупскиот колега на Рикардо, Ландо Норис, додек трет заврши Ботас на Мерцедес. Во топ 10 завршија уште и Леклер, Перез, Сајнц, Строл, Алонсо, Расел и Окон.

Се вчитува...