Рикардо: Ќе победев и да немаше судир меѓу Ферстапен и Хамилтон

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо стигна до сензационална победа на трката за Големата награда на Италија откако главните ривали за титулата Макс Ферстапен и Луис Хамилтон мораа да се откажат по сударот во кој учествуваа.

Сепак, Австралиецот е уверен дека и доколку не се случи несреќниот случај тој секако ќе стигнел до победа.

„Имав водство во однос на Ферстапен пред да влезе во пит-стоп. Во некои кругови ми правеше притисок, но во ниту еден момент немаше потреба да ја бранам својата позиција. И да останеше во трката и да не се случеше инцидентот не верувам дека ќе ме поминеше, освен ако јас не направев голема грешка“, изјави Рикардо.

 

Се вчитува...