Рикелме: Меси ќе ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ и ќе се врати во Барса

Легендарниот аргентински фудбалер Хуан Роман Рикелме изјави дека е среќен поради трансферот на Меси во ПСЖ, но верува дека Лео не завршил со Барселона. За потсетување, самиот Хуан Роман Рикелме во својата кариера исто така беше играч на Барселона помеѓу 2002 и 2005 година.

Хуан истакна дека целата фудбалска јавност едвај чека да ги гледа заедно Меси, Нејмар и Мбапе.

„Се надевам дека Меси ќе ужива во Париз. Не знам дали е чудно, но сите сме возбудени да го гледаме со Мбапе и Нејмар. Ако не ја освојат Лигата на шампионите сега, не знам дали некогаш ќе ја освојат“, изјави Рикелме.

Сепак, Рикелме даде и изјава што сигурно ќе им се допадне на навивачите на каталонскиот клуб.

„Мислам дека Меси ќе ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, а потоа повторно ќе се врати во Барселона“, изјави Рикелме.

Се вчитува...