Рики Рубио поради психички проблеми го пропушта Мундобаскетот

Рики Рубио објави дека привремено прекинува својата професионална кошаркарска кариера.

Шпанскиот репрезентативец и член на Кливленд Кавалирс Рики Рубио се огласи со официјално соопштение, а како причина за паузата го наведе „менталното здравје“.

„Одлучив да престанам со сите професионални активности и да се посветам на моето ментално здравје. Благодарен сум на луѓето од шпанската федерација, кои ми дадоа поддршка. Денеска најмногу ми треба поддршка. Би ги замолил сите да ја почитуваат мојата приватност и ќе дадам повеќе информации кога ќе биде вистинскиот момент“, напиша Рубио.

Рубио беше на подготовките на шпанската репрезентација за Светското првенство. Тој го освои светското злато со Шпанија во 2019 година. Беше европски првак во 2009 и 2011 година, а од Олимписките игри има сребро од Пекинг во 2008 година и бронза од Рио во 2016 година.

Се вчитува...