Рикиардо е новиот „Ф1 принц на Монако“

Даниел Рикиардо успеа да триумфира на денешната трка што се возеше за Големата Награда на Монако, максимално користејќи ја пол-позицијата по извонредното вчерашно издание во квалификациите.

Свесен дека станува збор за патека во која нема премногу простор за претркувања Рикиардо добро стартуваше, а потоа го контролираше текот на трката до самиот крај. Иако кон средината се пожали на проблеми со болидот, тој успеа да ја исконтролира ситуацијата и во ниту еден момент не му дозволи на Себастијан Фетел посериозно да го загрози.

Германецот во болидот на Ферари заостануваше нешто под две секунди зад Рикиардо во поголемиот дел од трката, но не му се укажа шанса за претркување, па на крајот мораше да се задоволи со втората позиција. Идентично како и при самиот старт, зад Фетел на третото место се пласираше Луис Хамилтон, четвртопласиран беше Кими Раиконен, а како петти трката ја заврши вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Се вчитува...