Рикиардо: Една победа нема да ме натера да останам во Ред Бул!

Даниел Рикиардо го предупреди својот шеф, Кристијан Хорнер, дека само една победа на трката за ГН на Кина од минатиот викенд, нема да го убеди да ја остане во Ред Бул. Договорот на Австралиецот со австрискиот тим истекува на крајот на годинава, а се поизвесно е дека на крајот од сезоната Рикиардо ќе ја смени средината.

Победата во Кина нема да го промени моето мислење и да ме натера само заради неа да останам во Ред Бул. Треба да почнеме тоа да победуваме редовно и тогаш Ред Бул ќе биде најсериозната оппција пред мене. Ако не, имам и други варијанти“ – предупреди австралискиот возач.

Според шпекулациите, Рикиардо од следната сезона најверојатно ќе му биде тимски колега на Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес или ќе вози за Ферари заедно со Себастијан Фетел.

„Сакам да се натпреварувам со најдобриот болид, тоа е се. Веќе неколку пати кажав дека сум на тоа ниво во кариерата за да можам да избирам за кој тим ќе се натпреварувам. Целта ми е да освојам шампионска титула во Формула 1, затоа сум тука, се друго е губење време“ – вели Рикиардо.

Се вчитува...