Рикиардо не може да го тестира болидот на Рено

Тимот на Ред Бул нема да му дозволи на Даниел Рикиардо да вози за својот иден тим Рено за време на тестовите на новите гуми на Пирели што ќе се спроведат по трката за ГН на Абу Даби.

Овие тестови се единствена можност за возачите да стекнат малку искуство со новите тимови пред зимските тестови во Барселона во февруари.

За дел од возачите кои ги сменија тимовите, како Шарл Леклер кој ќе го заземе местото на Кими Раиконен во Фераро како и за Пјер Гасли во Ред Бул и Џорџ Расел во Вилијамс, нема пречки да учествуваат на тестовите со своите нови тимови. Но тоа не важи и за Рикиардо бидејќи од Ред Бул се децидни дека нема да дозволат Австралиецот да ги почне подготовките со Рено во оваа етапа.

Јас нема да можам да возам за Ред Бул, а тие не ми дозволуваат да Рено на тестовите во Абу Даби. Не се лутам, ќе си земам одмор“ – изјави Рикиардо.

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер пак изјави дека Рикиардо има свои задолженија до крајот на договорот кои треба да ги исполни.

Се вчитува...