Рикиардо уште една година во Ред Бул

Раководството на Ред Бул заврши одлична работа во преговорите со Дани Рикиардо, убедувајќи го австралискиот возач и во 2019 година да остане дел од овој тим. Интерес за услугите на Рикиардо искажаа уште неколку тимови, за Австралиецот на крајот сепак да реши да остане во тимот за кој настапува со години наназад.

Дојдовме до заклучок дека желба на двете страни е соработката да продолжи. Остануваат само одредени детали, но се ќе биде средено во најскоро време. Официјалниот потпис на договорот ќе се случи најдоцна до следниот месец“ – изјави спортскиот директор на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Тој изрази жалење што Ред Бул не освои повеќе бодови во досегашниот дел од сезоната.

Не е проблем во брзината, туку во инцидентите што ни се случуваа на патеката, и на Рикиардо и на Ферстапен. Болидот ни е добар, работиме напорно, штета е што од овие причини не стигнавме до повеќе бодови“ – истакнува Хорнер.

Се вчитува...