Рикијардо го напушта Ред Бул и се сели во Рено

Австралискиот возач Даниел Рикијардо ќе го напушти Ред Бул на крајот на сезоната, потврдија од тимот.

Иако деновиве имаше најави дека Рикијардо ќе ја продолжи соработката со Австријците на крај дојде до промена на шпланот. По четири години поминати во Ред Бул, 29-годишниот возач одлучи да направи пормена и од следната Ф1 сезона ќе вози за тимот на Рено. Во францускиот тим, Рикијардо најверојатно ќе дојде како замена за Карлос Саинц кој пак се сели во мекларен.

Во годинашниот Ф1 шампионат, Рикијардо моментно е на петтото место во генералниот пласман на возачи со 118 бода по 12 трки.

Се вчитува...