Голманот Серхиот Рико, пред неколку дена се разбуди од кома, а неговата сопруга открива во каква состојба е шпанскиот чувар на мрежата. Рико доживеа несреќа откако падна од коњ и добил тешки повреди на главата и на кичмата.
Сопругата Вирџен соопшти дека Рико добро се опоравува, и дека и натаму не зборува како што сака, но од ден на ден оди во добар правец.
„Серхио ги знае нашите имиња и не препознава. Памтењето му е добро, но не се сеќава на несреќата и што се случило тој кобен ден. Кога го прашавме, само бледо не гледаше. И натаму не може да се изрази како што сака, но одиме чекор по чекор. Сега сакаме да се чувствува добро. Среќни сме што преживеа, и тоа е најважно. Докторите не сакаат да брзаат со опоравувањето, но од ден на ден е се подобар“, рече Вирџен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА