Рим ги пречека хероите – навивачите заедно со фудбалерите го слават историскиот успех (ВИДЕО)

Рома стана првиот италијански тим по пауза од 12 години кој успеал да освои европско натпреварување, а интересно последен пат тоа му успеа на Интер во 2010 година во Лигата на шампионите, токму со Жозе Мурињо кога во составот го имаше и нашиот Горан Пандев.

За тимот од главниот град на Италија ова е прв голем европски трофеј, откако претходно го имаа освоено само купот на саемските градови во 1961 година и англо-италијанскиот куп во 1972 година па на улиците на Рим фудбалерите беа пречекани како херои.

Се вчитува...