Ѓоковиќ ќе му помогне на Енди Мареј да се врати на тенисот

Енди Мареј во недела ќе тренира со Новак Ѓоковиќ во Рим. Шкотскиот тенисер нема играно од почетокот на март кога се повлече од турнирот во Мајами поради повреда на препоните.

Сепак, прегледите не покажаа сериозни проблеми, па 33-годишниот Британец полека се подготвува за Ролан Гарос.

Вториот гранд-слам во годината започнува во Париз на 30 мај, но Мареј ќе тренира во главниот град на Италија пред Отвореното првенство на Франција. Според британските медиуми, тој ќе лета за Рим во сабота, каде ќе тренира со тенисери, кои следната недела ќе се натпреваруваат на турнирот во овој град.

„Сакам да вежбам таму за да бидам меѓу најдобрите тенисери. Имам закажана тренинг сесија со (Диего) Шварцман во недела, и со Новак Ѓоковиќ попладне. Сакам да играм против најдобрите тенисери, бидејќи мислам дека тоа ќе ми помогне побрзо да ја подобрам мојата игра“, изјави Енди Мареј за Би-Би-Си.

Мареј се надева дека ќе добие вајлд-карта од 17 мај за учество на турнирите во Женева или Лион.

 

Се вчитува...