Римското дерби на „Олимпико“ без голови

Без голови заврши големото римско дерби меѓу Лацио и Рома на „Олимпико“ во 32. коло од Серија А.

Во главно израмнет натпревар Рома беше поблиску до победата која можеше да стигне и во самиот финиш доколку дирекот не спречи погодок за „волчицата“ во 91. минута по обидот на босанскиот репрезентативец Един Џеко.

Со оваа поделба на бодовите, и двете екипи останаа на делба на третата позиција на табелата со по 61 бод.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...