Рио Фердинанд станува боксер!

Рио Фердинанд е подготвен за огромна промена во кариерата, откако по пензионирањето од фудбалските терени ексиграчот на Манчестер јунајтед сака да почне да се занимава со бокс. Британските медиуми најавуваат дека Фердинанд самиот ќе ја обелодени големата новост во текот на денешниот ден, откако во изминатиот период минал успешни подготовки за влегување во рингот.

Фердинанд (38 години) веќе закажал прес-конференција на која најавил „огромна новост“, за која весникот„Мирор“ тврди дека ќе биде обелоденување на новата кариера на поранешниот фудбалски дефанзивец. Тој моментно работи како стручен фудбалски аналитичар за БТ Спорт, но истовремено имаше интензивни тренинзи за да се подготви за боксерската кариера, објавувајќи видеа од тренинзите по своите профили на социјалните мрежи.

Рио тврди дека тренинзите по бокс му помогнале да ја надмине и прераната смрт на својата сопруга Ребека.

Ми помага да се ослободам психички. Кога ќе влезам во рингот размислувам само на тоа, исто како што размислував само за фудбал кога ќе го облечев дресот на јунајтед. Фокусираноста е многу важна работа, не само за кариерата, туку и за опуштање на психолошки план“ –изјави Фердинанд.

Тој тргнува по стапките на Ендрју Флинтоф, прославениот англиски крикет играч кој по успешната кариера во примарниот спорт потоа имаше успешен настап и како боксер, триумфирајќи над Ричард Досон во ноември 2012 година.

Се вчитува...