Рисе откри за дивјачки напад од Белами: Ме претепа со голф палка и викаше „ќе те убијам црвена п..до!“

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Јон Арне Рисе во својата автобиографија „Тркачкиот човек“ откри детали од својот професионален живот, во која не се плашеше да објави и бројни моменти од животот преку кои се гледа дека и тоа како има што да раскаже.

38-годишниот Рисе во еден дел од книгата раскажува и за дивјачкиот напад од страна на неговиот соиграч Крег Белами во португалската база Алгарве каде Ливерпул се подготвуваше во 2007 година за мечот од осминафиналето во ЛШ против Барселона.

„Бевме во некој клуб во кој дел од фудбалерите почнаа да пијат алкохол, па брзо на мојата маса се најде и микрофон. Белами почна да вика покрај караоке уредот – ‘Рисе ќе пее, Рисе ќе пее!’ Беше пијан, а јас многу нервозен“ – пишува Норвежанецот и дополнува:

„Не престануваше, па јас му пријдов и му реков: ‘Нема да пејам, затворија ја устата или ќе те претепам!’. Сето тоа само дополнително го вознемири. Почна да вика на мене: ‘Ќе те убијам, црвена п..до!“

Но, не се завршило само на тоа откако заминале од ноќниот клуб…

„Таа ноќа се разбудив во темница во својата хотелска соба. Покрај креветот седеше Белами со палка за голф во рацете. Блиску беше и Стив Финан со кого Велшанецот ја делеше собата. Замавна со сета сила обидувајќи се да ме удри во делот кај потколениците, што би ми ја завршило кариерата. Но, за среќа успеав да ја поместам ногата. Скокнав од креветот, а Белами викаше на цел глас: ‘Не ми е грижа дали ќе завршам во затвор, секако ќе те убијам!“. Потоа повторно замавна и ме погоди од страна во делот кај грбот. Потоа уште еднаш силно ме удри кај половината, но бев полн адреналин и ништо не почувствував. Следниот дел веќе чувствував болка, но никогаш никого не информирав за таа случка“.

Рисе во својата кариера покрај за Ливерпул настапуваше и за Монако, Рома, Фулам и АПОЕЛ…

Се вчитува...