Англискиот премиер-лигаш Тотенхем постигна договор со Евертон за услугите на Ришарлисон, пренесуваат британските медиуми. Договор меѓу двете страни веќе е постигнат, а 25-годишникот во следните денови треба да ги помине лекарските прегледи.
Тимот од Ливерпул за трансферот на Бразилецот ќе добие 58 милиони евра, а исто така може таа сума да порасне доколку Ришарлисон ги постигне бонусите. Тотенхем ги победи Челси, Арсенал и Њукасл во борбата за потписот за ѕвездата на Евертон.
Бразилецот кариерата ја почна во Атлетико Минеиро, а подоцна настапуваше и за Флуминенсе, Вотфорд и Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА