Ришарлисон: Поразот од Хрватска ќе ме боли се додека не освоиме Светско првенство

Напаѓачот на бразилската репрезентација Рипарлисон изјави дека Бразил нема да го заборави болниот пораз од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство додека не ја освои титулата светски првак.

Пред три месеци Хрватска го елиминира Бразил по подобро изведување на пенали на првенството одиграно во Катар. Бразил поведе со голот на Нејмар во 106. минута во продолженијата, а Бруно Петковиќ израмни во 117. минута.

„Вчера го гледав видеото од натпреварот со мојот физиотерапевт. Му го покажав видеото на мобилниот, не можев да поверувам што се случи. Поразот беше уште поболен бидејќи луѓето веруваа во нас и имавме силен тим. Ова е и причината поради која имавме чувство дека можеме да одиме понатаму. Така што тоа беше тежок момент кој долго ќе ни остане во сеќавање, ќе го паметиме додека не го освоиме Светското првенство“, изјави Ришарлисон. 

Се вчитува...