Ристе Јанков претставен во казахстанскиот Каспиј

Репрезентативниот чувар на мрежата Ристе Јанков денеска беше претставен за нов фудбалер на казахстанскиот Каспиј. Ова ќе биде прв интернационален ангажман за македонскиот голман.

Јанков, кој е дете на Работнички, и член на сениорскиот тим на „романтичарите“ во последните неколку години, беше пред потпис со Војводина од Србија, но на крајот трансферот пропадна поради тоа што не беа договорени условите.

Јанков му се приклучи на тимот на подготовките во Анталија каде и беше направена неговата промоција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caspiy Football Club (@caspiy_fc)

Се вчитува...