Ристе Митревски потпиша двегодишен договор со Сепси

Македонскиот интернационалец Ристо Митревски ја продолжува кариерата во романскиот прволигаш Сепси.

27-годишниот Митревски, по завршувањето на договорот со израелски Хапоел Хаифа се одлучи да се пресели во Романија потпишувајќи денеска двегодишен договор со Сепси.

„Среќни сме што добиваме одбранбен фудбалер со огромно искуство на европската сцена, кој дополнително ќе ја зацврсти конкуренцијата во дефанзивните редови“ – информираа од раководството на романскиот прволигаш.

Македонскиот дефанзивец претходно во својата кариера има настапи за Работнички, Победа, Металург, Напредок и Тетекс на домашната сцена, како и за Сараево во БиХ и хрватскиот прволигаш Истра.

Се вчитува...