Ристе Митревски со Хапоел Хаифа го освои трофејот во Купот на Израел

Македонскиот интернационалец Ристе Митревски стигна до својот прв трофеј во Израел по пристигнувањето оваа година во редовите на Хапоел Хаифа.

Митревски со Хапоел синоќа го освоија трофејот во Купот на Израел откако во финалето, по продолжението славеа против Беитар со 3-1.

Хапоел Хаифа до триумфот и титулата стигна со погодоците на Шајман во 105. минута и Тургеман во 120. минута, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1.

26-годишниот Митревски сезонава од редовите на хрватскиот прволигаш Истра 1961 се пресели во редовите на Хапоел Хаифа. Претходно, во својата кариера има настапи за Работнички, Тетекс и Металург во домашното првенство, како и за прволигашот од БиХ, Сараево.

Се вчитува...