Ристески по четири кола на 17. место меѓу 125 шахисти на Европското првенство

Емил Ристески и натаму е најдобропласираниот македонски шахисти и по 4. коло на Европското првенство за млади категории кое се одржува во Рига, Летонија.

Рисетски, во категоријата до 14 години, во 4. коло ремизираше со Фидемајсторот Сулејманли од Азербејџан, па со три поени по првите четири кола е на 17. место од вкупно 125 шахисти во неговата категорија. На шампионатот се играат девет кола.

Од останатите македонски претставници, Андреј Иванов е на 28. место во моментов во конкуренција до 8 години, додека Михаела Зрмановска е на 37. место во конкуренција до 12 години. Фидемајсторот Тони Лазов е 39-ти по четири кола во конкуренција до 18 години.

На Европското првенство настапуваат вкупно 1074 шахист(к)и од кои 200 со титула, од вкупно 47 земји.

Се вчитува...