Ристовска феноменална, ЦСКА Москва на „чудесен“ начин до четвртфинале во ЛШ

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва со неверојатна игра во реваншот од осминафиналето против словенечки Крим успеаја да ја надоместат негативата од пет гола и со триумф од 27-21 да се пласираат меѓу осумте најдобри на стариот континент.

По првиот дел Русинките имаа само три гола предност што не беа доволни за пласман понатаму, но со неверојатната игра во вториот дел, посебно во фазата на одбрана успеаја да стигнат до конечен триумф од 27-21 и пласман во четвртфиналето.

Ристовска беше една од најдобрите во нејзиниот тим со четири гола.

Се вчитува...