Ристовска и ЦСКА Москва ќе бркаат пет гола на реваншот во Русија против ЧСМ Букурешт

Нашата Сара Ристовска и ЦСКА Москва загубија на гостувањето кај ЧСМ Букурешт со 32-27 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Русинките на крајот можат да бидат и задоволни од конечниот резултат бидејќи на полувреме имаа негатива од осум гола 20-12.

Во вториот дел особено во последните десет минути успеаја да се консолидираат и на крајот да стигнат до прифатливи минус пет (32-27). Сара Ристовска беше една од најдобрите ракометарки на рускиот тим завршувајќи го мечот со пет гола.

Се вчитува...