Ристовска и ЦСКА Москва поразени од Ростов Дон во Суперкупот на Русија

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва загубија во Суперкупот од најголемиот ривал Ростов Дон со 23-25.

Еден израмнет натпревар во кој текот на сите шеесет минути се играше израмнето, но на крајот поголемата концентрација беше клучна за победата на тимот од Ростов на Дон.

Нашата интернационалка мечот го заврши со два гола од три упатени удари.

Се вчитува...