Ристовска и ЦСКА Москва шампиони на Русија!

Сара Ристовска и ЦСКА Москва ја освоија титулата во рускиот шампионат, откако во реваншот во финалето со Ростов Дон загубија со само три гола разлика 29-26 и успеаја да ја задржат предноста од првиот натпревар (30-23).

ЦСКА во поголемиот дел од мечот водеше или беше во егал, а Ростов до триумф дојде во последните две минути кога веќе се опуштија ракометарките од главниот град на Русија. .

Сара Ристовска денеска не играше. Таа се повреди на првиот меч, но се чини дека повредата не е сериозна и  ќе биде подготвена за Фајнал фор турнирот во Будимпешта.

Се вчитува...