Ристовска и ЦСКА Москва сигурни на гостувањето кај Лада Толјати

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва стигнаа до втората победа сезонава во третиот меч во руската Лига откако на гостински терен славеа над Лада Тољати со 27-30

Клучната разлика тимот од главниот град на Русија ја направи во првиот дел кој го доби со 12-16. Во второто полувреме само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни  27-30.

Ристовска имаше уште еден одличен настап, а натпреварот го заврши со три гола.

 

 

Се вчитува...