Ристовска одлична, ЦСКА Москва триумфално кај европскиот шампион

Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва успеаја да му се реваншираат на актуелниот европски шампион Кристијансанд за поразот на ланскиот Ф4 турнир, откако во групната фаза од новото издание славеа на гостински терен со 24-27.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двата тима, а на пауза се замина со реми (11-11). Русинките клучната предност успеаја да ја направат во последната четвртина во која стигнаа до два гола предност, разлика која беше доволна за до крајот да слават со конечни 24-27.

Сара Ристовска повторно беше една од најдобрите ракометарки во својот тим и мечот го заврши со сто отстотна реализација и четири постигнати гола.

 

 

Се вчитува...