Ристовска перфектна, лесен триумф на ЦСКА Москва

Сара Ристовска и ЦСКА Москва стигнаа до третата победа во рускиот шампионат сезонава, откако славеа на домашен терен против Краснодар со 34-28.

Ристовска беше една од најдобрите  во редовите на ЦСКА Москва, откако заврши со сто процентен учинок четири од четири. Нејзината екипа по четири кола е на второто место на табелата во групата А, зад Ростов кој е „максимален“.

 

Се вчитува...