Ристовска со ЦСКА растура во Лигата на Шампионите

Сара Ристовска и ЦСКА Москва продолжуваат со одличните игри во Лигата на Шампионите, каде рускиот тим е првопласиран по пет одиграни кола, оставајќи го зад себе и европскиот првак Ѓер.

ЦСКА попладнево играше гостински натпревар против Брест, каде Ристовска и нејзините тимски колешки по голема битка успеаја да триумфираат со 28-30. Пресудно беше првото полувреме што рускиот тим го доби со 13-17, за потоа и покрај обидите за камбек на домашниот тим ЦСКА да успее да ја задржи предноста и да стигне до четвртата победа во серија во елитното европско натпреварување.

Ристовска одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи четири гола од пет обиди, а најефикасна во таборот на ЦСКА беше Михаличенко со седум погодоци. ЦСКА Москва моментно е лидер во групата Б со девет бода, по еден повеќе од Оденсе и од Ѓер кои се наоѓаат на делба на втората позиција.

Се вчитува...