Ристовска солидна во убедливиот триумф на ЦСКА над Астраханочка

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва запишаа нова победа во рускиот шампионат откако во 12. коло на домашен терен славеа над Астраханочка со убедливи 31-21. По израмнетото прво полувреме, по кое тимот од главниот град на Русија замина со минимална предност од 13-12, победникот беше решен во вториот дел.

Домаќинките заиграа фуриозно и на крајот стигнаа до конечен триумф од 31-21. Репрезентативката на Македонија натпреварот го заврши со два гола од пет упатени удари кон противничкиот гол.

 

 

 

Се вчитува...