Ристовски: Ако сакаме на ЕП, мора да играме фудбал кон напред….Сега ни остануваат желбата за ЕП и Лигата на нации

ЕКИПА во  Варшава,

Владимир Булатовиќ

Македонија не успеа да направи чекор напред кон ЕП, Полјаците ја сопреа позитивната низа, а Стефан Ристовски, кој денеска прослави јубилеј – 50 мечеви во националниот тим, реално вели дека за пласман на Европско првенство треба да се покаже многу повеќе.

„Ако сакаме на ЕП, мора да се добиваат вакви натпревари. Ако сакаме Европско мора да играме фудбал кон напред, а не само дефанзива…. Мислам дека Полска не е толку доминантна колку што покажува резултатот од овој натпревар. Мислам дека на вакви натпревари мора да се покаже подобро лице. Сега ни останува Лигата на нации и желбата да одиме на ЕП“, истакна Стефан Ристовски.

Се вчитува...