Ристовски асистент, Адеми стрелец – среќна победа на Динамо Загреб

Аријан Адеми го постигна својот прв гол во 2022 година, давајќи значаен придонес во победата што Динамо Загреб ја забележа на дуелот со Горица (2-1).

Првиот погодок на шампионот беше македонско ремек-дело, Стефан Ристовски асистираше од десната страна, а Адеми одлично се снајде крај вториот дирек и ја смести топката во мрежата. Гостите се вратија, израмнија на 1-1, а потоа одолеваа на налетите на „модрите“ се до 89. минута.

Тогаш по еден корнер што беше нафрлен на волеј на Оршиќ на дваесетина метри, топката мина низ шума од нозе и заврши во мрежата, на огромна радост на домашните навивачи на „Максимир“.

Се вчитува...