Ристовски: Драго ми е што го израдувавме народот, Македонија отвора очи на фудбалскиот свет

Стефан Ристовски, капитенот на селекцијата на прес-конференцијата по натпреварот кажа дека притисокот си го сторил своето, но на крајот според него, квалитетот излегол на површина.

„Благодарност до честитките за овој успеј. Исполнет со емоции сум, дојдов да ги споделам овие моменти. Натпреварот колку и да звучеше пред него, притисокот си го прави своето. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на Европско, за бараж на Светско. Македонија отвора очи на фудбалскиот сввет. Како што напоменав, квалитетот излезе на површина. За среќа имаме одлични играчи кои играат во квалитетни лиги, и тоа ја направи разликата. Денеска Македонија е загушена од разни работи. Мене ми е драго што колку толку овој народ го израдувавме. Оваа соблекувална нема црн бел, нема Албанец – Македонец, има еден дрес и тоа го покажуваме, и мислам дека Македонија заслужено влезе во бараж“,

Ристовски кажа што им кажал на играчите пред натпреварот.

„Ми се враќаа тие филмови од Грузија, знам каков е притисокот од таа страна како е, но им го кажав тоа што го споделив со вас. Сакаме да одиме напред, да напредуваме, спортот ја прави разликата и го израдувавме народот. Драго ми е што го сплотивме народот, конечно. Денеска Македонија покажа дека сака да оди напред, дека сака бараж, и овие момци, овој стручен штаб го покажа потајно тоа што сакаме да го исполниме. Многумина не отпишаа, но борејќи се – успеавме“, рече Ристовски кој на крајот призна дека денеска лентата која ја носел, ја носел Пандев на последниот меч на ЕП со Холандија.

„Оваа лента ја земав од Пандев, ја носеше на последниот меч со Холандија. И денеска ни донесе среќа“, рече Ристовски.

 

 

Се вчитува...