Ристовски емотивно: Не знаеме да ја чуваме традицијата, не знаеме да го чуваме брендот

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија во емотивно интервју за хрватскиот „јутарњи лист“ говореше за македонскиот фудбал.

Тој вели дека фудбалот во Македонија е „колку пари – толку музика“ и дека не знаеме да ја чуваме традицијата и брендовите како што е Вардар.

„Македонскиот фудбал не е сјаен, што се вели – колку пари-толку музика! Фудбалот денеска е голем бизнис, а во Македонија стагнира инфраструктурата. Се надевам дека ќе дојдат и кај нас нашите пет минути. Ете, Вардар пред неколку години играше групи во Лига Европа, а сега е во втора лига и многу ми е жал за тоа. Не знаеме да ја чуваме традицијата, не знаеме да чуваме бренд. Многу клубови, кошаркарски, ракометни, фудбалски – пропаѓаат. Мора да си одите од Македонија за да станете фудбалер и во овој момент не гледам во кој клуб може подолго да останете. Динамо е пример како треба да се работи“, вели Ристовски.

Се вчитува...