Ристовски: Главата долу, ова е срамота!

Стефан Ристовски не штедеше зборува за самокритика по катастрофалниот пораз од Австрија кој македонската репрезентација го доживеа на националната арена „Тодор Проевски“ во квалификациите за ЕП 2020.

„Главата долу! Ова е срамота. Ова не е пораз но вистински дебакл кој не смеевме да си го дозволиме, посебно пред нашите навивачи. Крајно неочекувано но потфрливме на овој натпревар“ – истакна веднаш по мечот Ристовски, притоа дополнувајќи:

„Но, не смее, во секој случај, ова да не деморализира. Има уште долго да се игра во квалификациите па треба да го разбереме како една добра поука дека пред нас е уште многу напорна работа. Не смее да не залажуваат досегашните резултати во Лигата на нации, но со многу ангажман во иднина да пробаме да ги поправиме овие два лоши натпревари“.

Се вчитува...