Ристовски го запиша и третиот гол за Нитра сезонава

Македонскиот интернационалец Милан Ристовски го постигна и третиот свој гол сезонава во дресот на словачка Нитра.

Ристовски погоди во поразот на Нитра од 1-2 на домашен терен од Дунајска стреда, во мечот од 6. коло во Првата словачка лига.

Нитра е убедливо последна на табелата по шест кола во шампионатот на Словачка.

Се вчитува...