Ристовски и Адеми со лекција за Генк, евро-гол на Канга за триумф на Ц. Звезда (ВИДЕО)

Динамо Загреб запиша убедлива победа од 0-3 на гостувањето против белгиски Генк во 2. коло од Лигата на Европа.

„Модрите“ повеќе од заслужено запишаа три бода, најавувајќи ја победата уште со голот на Иванушец во 10. минута, по одличната акција почната од македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Во продолжението Петковиќ постигна два гола од пенал, во 45. минута и во 67. минута за конечни 0-3.

 

Адеми одигра 65 минути на натпреварот, додека капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион.

Во Групата Ф, Црвена Звезда дојде до гостинска победа од 0-1 против Лудогорец со погодокот на Канга во 64. минута. Ова е втора победа на белграѓани со која го запоседнаа првото место во групата.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

ГРУПА Е

Лацио – Локомотива Москва 2-0

Марсеј – Галатасарај 0-0

ГРУПА Ф

Лудогорец – Ц. Звезда 0-1

Брага – Митјиланд 3-1

ГРУПА Г

Селтик – Баер Леверкузен 0-4

Ференцварош – Бетис 1-3

ГРУПА Х

Генк – Динамо Загреб 0-3

Вест Хем – Рапид Виена 2-0

Се вчитува...