Ристовски и Динамо Загреб „потопени“ од Шериф Тираспол, тешка задача за влез во групите на ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и Динамо Загреб ги очекува повеќе од тешка задача во обидот да стигнат до групите во Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од квалификациската плеј-оф рунда загубија со убедливи 3-0 на гостувањето од Шериф Тираспол.

Дуелот во Молдавија беше најтешкиот за „модрите“ ова лето. Домашните победата ја најавија со голот на Траоре во 45. минута.

 

Во второто полувреме Коловос со погодокот во 54. минута зголеми на 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Траоре со својот втор гол во 80. минута.

Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, а Аријан Адеми поради повреда воопшто не патуваше во Молдавија.

Се вчитува...