Ристовски и Кузмановски до нови победи во Бундес-лигата

Борко Ристовски и Филип Кузмановски се израдуваа на нови бундеслигашки победи со своите тимови, за нова радост пред крајот на оваа 2022 година.

Лемго игра се подобро откако Ристовски пристигна во овој клуб, па вечерва славеше на гостувањето против Хам Вестфален со 25-30. Македонскиот чувар на мрежата мечот го проследи од клупата, но Зехер беше одличен на голот на Лемго со десет интервенции, отворајќи го патот до третата победа во последните четири кола за Лемго.

Хановер исто така играше меч на гостински терен, што Кузмановски и соиграчите рутински го добија во Гумерсбах со 27-34. Победникот беше решен во првото полувреме во кое Хановер постигна дури 21 гол (16-21), предност што гостите дополнитлно ја зголемија во вторите 30 минути од мечот. Кузмановски постигна еден гол од четири обиди, а зад неговото име остана запишана и една асистенција.

Се вчитува...