Ристовски ја посакува Португалија – Бруно пријателе те чекам во баражот (ФОТО)

Македонија се пласираше во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Еден до можните противници е репрезентацијата на Португалија која го има највредниот тим од репрезентациите кои ќе бидат дел од баражот.

За разлика од генерацијата на Кристијано Роналдо, Македонија ќе биде на хартија „најевтината“ селекција која ќе настапи во баражот. Сепак, за капитенот на нашата репрезентација, Стефан Ристовски тоа не претставува проблем.

Имено, тој го предизвика својот добар пријател и ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш дека токму него и Португалија ги посакува во бараж натпреварот.

 

Се вчитува...