Ристовски: Коронавирусот не измести…, не би рекол дека сме фаворити

Македонската репрезентација трет ден ги реализира подготовките за стартот на новата сезона во Лигата на нациите и натпреварите против Ерменија и против Грузија.

Деснокрилниот дефанзивец на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски вели дека по периодот на коронакризата не може категорично да се издвои фаворитска улога на одредена селекција, но Македонија ќе мора на терен да го покаже тоа.

„По долг период повторно сме заедно. Тешко ќе биде да се вратиме во вистинскиот ритам, но полека, полека се ќе биде во ред. Не можам категорично сега да кажам дека Македонија е фаворит, но ќе мора тоа да го покажеме на терен“ – вели Ристовски.

Се вчитува...