Ристовски: Моите очекувања се – победа и само победа за Вардар

Вардар утре на свој терен ја пречекува Брегалница, во можеби еден од најважните натпревари во пролетниот дел од сезоната. Добриот почеток и „ремито“ против Гостивар ветуваа дека „црвено-црните“ може да се одлепат од дното, и на крајот да изборат опстанок.

„Црвено-црните“ доживеаја промени во играчкиот кадар и во стручниот штаб, а еден од новите лица во редовите на Вардар, Марјан Ристовски очекува победа на „црвено-црните“.

„Играме прв пат пред своја публика. Сигурен сум дека атмосферата ќе биде одлична, дека стадионот ќе биде полн, и со поддршката на навивачите ќе стигнеме до трите бода. Моите очекувања се победа и само победа. Ветувам ддека на теренот ќе се бориме и ќе дадеме не 100, туку 200% од силите за да стигнеме до целта. Тоа е мојата порака кон навивачите, кои ги повикувам да дојдат затоа што не постои поголемо задоволство од тоа да играш пред полн стадион“, рече Ристовски.

Се вчитува...