Ристовски: Можеше да се даде повеќе на терен против Молдавија

Милан Ристовски доби шанса во стартниот тим на репрезентацијата на вчерашниот дуел со Молдавија, како дел од новата тактичка замисла на стручниот штаб со двајца класични напаѓачи (заедно со Миовски) меѓу првите единаесетмина.

Ристовски не крие дека очекувал подобро издание на нашиот состав на вчерашниот дуел, исто така е и свесен дека в понеделник против Црна Гора македонската репрезентација ќе се соочи со уште поголем предизвик.

„Одигравме добар натпревар во кој имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал едно наше невнимание примивме гол и на крајот одигравме без победник. За две дена против Црна Гора нè чека тежок натпревар, играме против квалитетна селекција, и за да бидеме конкурентни ќе треба да одиграме на повисоко ниво. Секогаш сум самокритичен и сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде и со Молдавија, да постигневме уште некој гол сигурно ќе стигнеме во посакуваната победа“, изјави Милан Ристовски.

Се вчитува...