Ристовски му порача на Спортинг: „Не мрдам од тука…!“ (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски одлучи и дефинитивно да остане во Спортинг Лисабон преку социјалните мрежи испраќајќи порака дека воопшто не планира да ја продолжи кариерата во московски Динамо.

Ристовски на стартот од сезоната не е во плановите на тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, па по септемвриските репрезентативни мечеви беше тргнат од првиот тим на клубот во очекување на трансфер. Клубот се договори со Динамо Москва да го испрати на едногодишна позајмица со можност за откуп, но македонскиот репрезентативец тоа не го прифати, по никоја цена, одлучувајќи до крај да го одработи договорот во клубот кој е до јуни 2022 година.

Па, на крајот Стефан Ристовски самиот ја разреши дилемата порачувајќи:

„Јас секогаш ќе сум тука – не мрдам!“

Се вчитува...