Ристовски на голот од првата минута, ќе менуваат и Кубеш и Филип

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Никола Митревски бранеше одлично на премиерниот дуел со Украина, но Борко Ристовски ќе ја има улогата на стартен чувар на мрежата на денешниот натпревар против селекцијата на Чешка. Селекторот Брестовац има голема доверба и во двајцата голмани, па реши да им ја подели минутажата на стартните два натпревари од овој европски шампионат.

Ристовски бранеше на голем дел од натпреварите што Македонија ги одигра против Чешка во последните години, а тоа искуство според стручниот штаб ќе му биде драгоцено за да ги запре налетите на противникот кон нашиот гол.

За замена на голот се подготвуваат и Чесите, па откако Мрква не се прослави на дуелот со Австрија, се најавува дека Мартин Галија ќе биде прв голман против Македонија. Ветеранот низ годините имаше неколку маестрални настапи против „црвено-жолтите“, но се надеваме дека овојпат нема да има свој ден. Впрочем, тој настапи на местото на Мрква и на првиот меч од европскиот шампионат, но прими 16 гола и имаше само две успешни интервенции.

Се вчитува...