Ристовски не е повреден, туку новиот тренер на него „тренира строгост“

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не е повреден, како што првично јавија португалските медиуми, туку беше повлечен од теренот во 24.минута по одлука на новиот тренер Рубен Аморим. Тој едноставно „тренира строгост“ во тимот на Спортинг Лисабон токму на десниот бек.

„Сакав да играме поофанзивно и затоа го внесов Жоване на местото на десниот бек. Не е ни прашање дали фудбалерот е вознемирен, тука сме сите заедно за да победуваме. Играчите едноставно треба да ги прифатат овие ситуации нормално. Јас одговарам за резултатите, јас сум шефот кој одлучува кој и кога ќе игра и тука нема случај“, изјави новиот тренер на Спортинг Лисабон.

Стефан Ристовски очигледно има проблем со новиот стратег, но добрата вест е дека сепак не е повреден и ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски на плејоф – мечот против Косово.

 

Се вчитува...