Ристовски: Не сум 100% подготвен, но секогаш се дава максимумот за репрезентацијата

По принудната пауза поради повреда Стефан Ристовски е повторно дел од националниот тим. Тој го пропушти минатиот мини-циклус, мечевите против Израел и против Летонија, во кој соиграчите остварија успешни резултати. Тој очекува позитивен епилог и на дуелите со Словенија во Скопје и со Полска на гости.

„Помина подолг период, еве сум повторно тука во националниот тим. Не сум 100% подготвен, со оглед дека тренирам само една недела откако ја надминав повредата на стапалото. Но, за репрезентацијата секогаш се дава максимумот, јас сум тука да помогнам и да дадам колку можам. Не очекуваат тешки натпревари со сериозни, квалитетни селекции, но добро е што имаме шанси за да се вмешаме во трката за висок пласман и ќе се потрудиме максимално. Сега фокусот ни е кон важниот меч со Словенија, потоа ќе размислуваме за Полска“, изјави Стефан Ристовски.

Се вчитува...