Ристовски ’одлета’ за Лисабон, на потпис со Спортинг

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски само потпис го дели од трансфер со португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Тој утринава одлетал за Лисабон, каде треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише петгодишен договор со Спортинг. Ријека за овој трансфер треба да добие отштета од 3,5 милиони евра!

Раководството на португалскиот клуб беше упорно да го ангажира Ристовски во пресрет на самиот старт од домашниот шампионат, па тој нема да игра за Ријека во плејофот од Лигата на шампионите против грчкиот Олимпијакос.

Португалските медиуми го најавуваат Ристовски како големо засилување. Потенцираат дека тој е избран во тимот на сезоната во Хрватска, и со тимот на Ријека ја освои шампионската титула.

Се вчитува...