Ристовски: Онаа Ријека во која јас играв беше подобра

Фудбалерите на Динамо Загреб гостуваат на Ријека во дербито на Хрватска која ќе го одлучи прашањето на освојувачот на титулата.

Натпреварот го најави, Стефан Ристовски, екс фудбалерот на Ријека, кого го паметат по првата шампионска титула.

„Целата сезона беше полна со вакви натпревари, многу такви одигравме. Секој бод е важен, мораме да влеземе енергично без калкулација и се надеваме на победа. Не се подготвуваме посебно за тој натпревар. Таму бев дочекан како што бев дочекан, но за тој клуб секогаш давав се од себе. И донесов на таа екипа титула првак и мислам дека не можеше да биде повеќе почитувано од моја страна. Го ценам и почитувам тој клуб и ќе ги паметам тие моменти до крајот на животот. Онаа наша Ријека кога играв јас беше подобра. И ова е добра екипа, јас им честитам и заслужено се таму каде што се“, вели Ристовски.

Се вчитува...